„Инстаграм“ со четири нови функции

270

Социјалната мрежа „Инстаграм“ ќе има нови функции кои ќе им ја олеснат работата на корисниците.

Опциите што треба да се најдат во понудата сè уште се тестираат, а тоа се:

1. Универзален портретен мод

Станува збор за копче кое ќе го замени нормалното копче за правење фотографии кога фотографираме со помош на портрет-камерата на „Инстаграм“. На прв поглед, тоа е универзален портрет мод која не е поврзан со хардверот на телефонот, кој теоретски би требало да создава портрети со помош на вештачка интелигенција, дури и ако вашиот телефон го нема потребниот хардвер.

2. Cinemagraph

Ова се слики што се половина фотографија, а половина анимација, односно мал дел од сликата е во движење. Со оваа функција може да го потенцира најинтересниот дел од сцената.

3. Преземете ги вашите информации

„Инстаграм“ работи на тоа да им овозможи на корисниците да ги преземат сите информации за нив, складирани на нивните сервери.

4. Организирајте го разговорот

„Инстаграм“ ја тестира можноста за обележување на одреден разговор за полесно да го пронајдете или да го означите како омилен со помош на ѕвездичката во горниот десен агол на разговорот.

Во прилог на овие опции, и според последните објави, „Фејсбук“ во „Инстаграм“ планира да увезе аудио и видео повици.