„Интер“ и „Милан“ „се степаа“ за Матео Ковачиќ

157

Градските ривали, „Интер“ и „Милан“ ќе влезат во спор околу привлекувањето на играчот од средниот ред на „Реал Мадрид“, Матео Ковачиќ, пишува „Калчомеркато“.

Според информациите, „нероазурите“ се фаворити за потписот на хрватскиот репрезентативец, кој е високо ценет од Зинедин Зидан.
Сепак, францускиот тренер е подготвен да се раздели со играчот од средниот ред, доколку стигне добра понуда.

Ковачиќ играше за „Интер“ до 2015 година, кога се пресели во „кралскиот“ клуб.