ИОК пријави 100 милиони долари загуба за 2017 година

160

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) пријави загуба од речиси 100 милиони долари за календарската 2017 година.

Според финансиските извештаи, во ИОК минатата година влегле 523.4 милиони долари, најголем дел од нив, 493.2 милиони се генерирани од партнерската програма за спонзорство на ИОК, а приходите од неа бележат раст од околу 20 проценти за една година.

Најмногу средства од програмата за развој добиле САД – 91,6 милиони долари, додека сите останати Олимписки комитети заедно имале можност за користење на 77,9 милиони долари.

Сепак треба да се нагласи дека во ИОК не се изненадени ниту загрижени од негативните показатели, бидејќи 2017 г. не беше олимписка година.

Значително подобри финансиски резултати ИОК очекува оваа година, бидејќи Игрите во Пјонгчанг ќе донесат дополнителни приходи, вклучувајќи ги и средствата од телевизиските права.