Ирак „бара“ околу 100 милијарди долари странски инвестиции

259

Ирак „бара“ околу 100 милијарди долари странски инвестиции наменети за секторот на сообраќај, енергетиката и земјоделието, а во ртамки на планот за обнова на државата и заживување на економијста по тригодишната војна против терористичката организација „Исламска држава“.

Владина Национална комисија објави листа од 157 проекти за кои ќе бараат вложувања на Меѓународната конференција за обнова на Ирак што ќе се одржи во Кувајт од 12 до 14 февруари.

Дел од тие проекти се наменети за обнова на уништени објекти, како што е аеродромот во Мосул, додека други се за нови вложувања за јакнење на економијата и нејзино насочување на други активности освен експлоатација на нафта.

Според листата, 16 проекти ќе чинат повеќе од 500 милиони долари.