ИСПОВЕД НА ВЕХАБИСТ ОД БиХ: Родителите ме натераа да станам терорист и заминаа во Сирија

175

Властите во Босна и Херцеговина не прават ништо за да им помогнат на лицата изложени на влијанието на радикалните исламисти во нивните обиди да се ослободат од таквата идеологија и повторно да се вклопат во општетсвото од кое биле изолирани поради индоктринацијата со екстремозмот, тврди Дино Печенковиќ, поранешен припадник на вехбиската заедница во селото Горња Маоча, крај Брчко.

Во опширната исповед за телевизиската документрана емисија на Балканската истражувачка мрежа, Печенковиќ првпат детално раскажува како дошол во редовите на екстремистите и какви трауми доживеал, за што ги обвинува своите татко и мајка, за кои тврди дека го навеле на тој пат.

За името на Печенковиќ се дозна откако Мевлид Јашаревиќ, српски државјанин и исто така припадник на вехабиската заедница во Маоча, во октомври 2011 година ја нападна Амбасадата на САД во Сараево.

Поради нападот Јашаревиќ правосилно е осуден на 15 години затвор, а Печенковиќ беше уапсен, затоа што се утврди дека на денот на нападот, токму тој го превезол напаѓачот од Маоча до Сараево.

Тој беше во притвор три месеци и по сопствена желба целосно соработуваше со истражните органи, па против него никогаш не беше подигнато никакво обвинение.

Денес вели дека татко му му наредил да го однесе Јашаревиќ во Сараево и тврди дека не се ни посомневал за што се подготвува тој додека го возел кон градот во кој подоцна го изврши терористичкиот напад. Печенковиќ тврди дека татко му е одговорен и за тоа што тој воопшто завршил во Горна Миоча.

До почетокот на војната, како што вели, живеел во „нормално комунистичко семејство“ во кое верската припадност воопшто не се изразувала. Верници станале, како и повеќето, дури кога почнала војната во БиХ.

– Почна да се пости за Рамазан и тоа беше тоа. Капак, вели Печенковиќ.

По војната татко му го испратил во верско училиште, но клучен пресврт за него е кога во 2000 година во Бихаќ, када што живееле, дошол водачот на вехабиската заедница од Горна Маоча, Нусрет Имамовиќ, кој во 2014 заедно со свото семејство заминал за Сирија и и се придружил на организацијата Фронт Ал Нусра.

Токму под влијание на Имамовиќ, како што тврди Печенковиќ, неговиот татко решил целото семејство да се пресели од Бихаќ во Маоча.

Во таа изолирана заедница, затворена за странци, сите биле подложени на радикализација, вели тој. Тоа имало големо влијание врз неговите татко, мајка и двајцата браќа, но Печенковиќ тврди дека тој постојани имал сомнеж кон сето тоа и препрашувал за многу работи. Токму затоа татко му го прогласил за „ќафир“ (неверник) и му забранил да ја дели својата соба со двајцата браќа.

Во 2013 година дошло до нов пресврт, кога исчезнал татко му, а мајка му тврдела дека заминал да работи во Австрија. Таа од него потоа побарала да извади пасоши за неа и за неговите двајца браќа.

– Штом ги добија (пасошите), исчезнаа сите тројца, а мајка ми потоа ми се јави по телефон од Турција, раскажува Дино.

Тој вели дека веднаш му било јасно дека всушност се подготвуваат да заминат за Сирија.

– Да знаев, некако ќе ги спречев, вели Печенковиќ.

Според податоците на безбедносните агенции на БиХ, најмалку 250 босански државјани заминале на боиштата во Сирија и Ирак, каде им се придружиле на исламистичките екстремисти.

По првиот контакт со семејството, Дино се слушал со нив еднаш месечно. Минатото лето дознал дека загинал неговиот помал брат, кој тогаш имал 18 години, а по два месеци и татко му. Двајцата се бореле во редовите на исламистичките терористи. Брат му Харун станал исламистички борец на 15 години, а на 18 години го убиле курдските сили.

– На Харун се му беше смешно. Се ожени на 16 години, на 18 доби син, и ете летоска (2017 година) загина, вели Дино, кој тврди дека не знае што се случува со мајка му и вториот брат, бидејќи нема никаков контакт со нив.

За смртта на своите најблиски тој го обвинува татко му, но и државата БиХ, тврдејќи дека државните власти морале да го спречат заминувањето на странски боишта.

– Екстремизмот ми го уништи семејство, а државата не стори ништо да го спречи тоа, вели Дино.

Тој тврди дека не добил никаква помош од државата за да се интегрира во општетсвото и да продолжи со нормалниот живот.

Како што додава, државата не му понудила никаква егзистенција, па тој, како и сите поранешни радиклани ислмаисти во босанското оптество, сега функционираат како еден вид „вознемјани“.

– Оваа наша држава само зема, а ништо не дава, заклучува Печенковиќ. нагласувајќи дека на крајот сепак се снашол, се оженил и сега ги „сложува коциките“ на својот живот.

(Независне новине – Бања Лука)