ИСПОВЕД НА ЕШЛИ: Се дрогирав и спиев со погрешни мажи

366

Најпознатиот модел со облини, Ешли Греам, во интервју за списанието „Harper’s Bazaar“ откри каков ѝ бил животот кога имала 17 години.

Познатата манекенка кој ја смени модната индустрија како еден од првите plus size модели призна дека иако многумина ја доживувале како „ангел“, таа била вистинска бунтовничка кога се преселила во Њујорк на 17 години и ја почнала кариерата како модел.

Греам (30) денес ѝ е благодарна на мајка си бидејќи ја вратила на вистинскиот пат и покрај нејзините адолесцентски проблеми ја окуражила да не се откажува од соништата.

„Се дрогирав и спиев со погрешни мажи, јадев лоша храна, не вежбав и не се грижев за мојата духовна состојба“, призна раскошната убавица во искреното интервју.

Греам додава дека сето тоа предизвикало да се здебели 11 килограми за две години, поради што модните агенти ѝ рекле дека нејзината кариера како модел е завршена.

„Тогаш им се јавив на мама и тато и им реков: Се враќам дома. Веќе нема да се занимавам со ова. Мајка ми потоа ми кажа нешто што од денешна перспектива звучи многу пророчки: Можеш ти. Твоето тело еден ден ќе смени нечиј живот’“, раскажува убавицата со облини.

Греам денес е еден од најбараните plus size модели и нејзината приказна и успех се инспирација за бројни девојки и жени да го сакаат своето тело и да им пркосат на стандардите за убавина што со години наназад ги наметнуваше модната индустрија.

Таа постојано дава изјави преку кои покажува колку се гордее со начинот на кој изгледа и држи мотивациски говори за прифаќање на различностите и борба против онлајн малтретирањето поради надворешниот изглед.