Исполнета неговата последната желба: Политичар погребан во својот омилен Мерцедес (ФОТО)

778

Починатиот лидер на јужноафриканската политичка партија Обединето демократско движење, Чекеде Буфтон Пицо, како последна желба посакал да биде закопан во неговиот омилен Мерцедес.

Политичарот и починал минатата недела одејќи кон својот Е-500 – еден од многуте луксузни Мерцедеси што ги поседувал, но западнал во финансиски проблеми, па морал да ги продаде.

Последниот Е-500 го купил на старо. Не бил во возна состојба, но според неговата ќерка Сефора Лецвака, Пицо уживал само да седи внатре и да слуша музика.

-Никогаш не сме имале вакво барање и процес беше тежок и стресен, изјави Табисо Мантутле – директор на погребалното претпријатие кое, сепак, успеа да го пикне целиот автомобил под земја.

Неговото семејство му ја исполнило последната желба. А, на погребот на инаку прилично популарниот политичар, веројатно и поради пандемијата на коронавирусот, се појавиле мал број луѓе.