„Исцелител“ ќе патува во Рим

Македонскиот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески денеска ќе биде прикажан на 9. меѓународен филмски фестивал во Рим, „Франкофилм“.

По италијанската премиера на фестивалот во Бергамо пред неколку дена ова е втор фестивал во Италија на кој ќе се прикаже „Исцелител“.

На „Франкофилм“ оваа година се прикажуваат и добитникот на награда во Локарно, бугарскиот „Слава“, добитникот на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“ и други.