ИТНО СЕ БАРА ХАКЕР: Исчезна момче од Скопје!

560

Исчезна младо момче од Скопје, да помогнеме на семејството да го најде.

Момчето е излезено од дома синоќа во 22 часот со бела „шкода“ со регистрација SK1566AP.

Последен пат е видено во населбата Ѓорче Петров и не се вратило дома, пишува мајката на загубеното момче на Фејсбук.

Дел од медиумите пренесуваат дека тој се допишувал со девојка од Тетово.Семејството е во потрага и по хакер кој ќе може да влезе во неговиот компјутер или мобилен телефон, со цел да го откријат идентитетот на девојката.

Тој требало да ги пречека неговите родители кои се враќале од странство, но не се појавило па од тогаш се води за исчезнат.

Се работи за мирно момче, кое немало проблеми со коцка, дрога или било што.

Ако го видите момчето веднаш јавете се во полиција.