И Гватемала отвори Амбасада во Ерусалим

98

Гватемала денеска отвори Амбасада во Ерусалим, два дена откако таков чекор презеде САД. Гватемалскиот претседател Џими Моралес и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху присуствуваа на отворањето на Амбасадата во бизнис комплекс во западниот дел од Ерусалим.

Во протестите поради преселувањето на Амбасада на САД од Тел Авив во Ерусалим, во понеделникот почна големо насилство, кога израелската армија отвори оган врз демонстранти Палестинци и притоа загинаа речиси 60, а поврдени се најмалку 2.700 лица.