Какво време нè очекува викендов?

100

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег.

Од УХМР најавуваат дека пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2.

Границата на снежните врнежи ќе биде пониска во недела и ќе се спушти до околу 800 метри надморска височина.

На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

Во Скопската котлина врнежите ќе бидат од дожд со слаб до умерен интензитет и се очекува да наврнат околу 10 л/м2.