Какво ќе биде времето денеска?

24
sonce_vreme

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Во крајните западни делови со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус пет степени, а дневната од еден до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до два степени, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во четврток во западните и јужните делови ќе има врнежи претежно од снег кои ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Потоа времето ќе стабилно со ниски утрински температури. Нови врнежи се очекуваат во почетокот на наредната работна недела.

Највисока снежна покрива од 71 сантиметар утрово е измерена во Маврово, а најмногу дожд на метар квадратен наврнал во Охрид.

Како што соопшти УХМР, во осум часот утринава измерени се 51 сантиметар снег во Лазарополе, 48 Пожаране, 46 Крушево, 17 Тетово, 16 Ѓуриште, 15 Охрид, 7 Претор, 4 Дебар, 2 Крива Паланка и еден сантиметар во Берово.

Во изминатите 24 часа најмалку наврнат воден талог е измерен во Струмица три, следат Штип со шест, Виница, Демир Капија и Берово со седум, Битола осум, Тополчани, 11 Дојран, 12 Прилеп, 13 Крива Паланка, 18 Скопје, 19 Ѓуриште, 20 Гевгелија, 26 Претор, 27 Тетово, 28 Крушево, 30 Лазарополе, 42 Дебар и Пожаране 44.