Калајџиев: Расчистувањето на “Рекет” ќе ја собори Владата

318

Професорот на Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев во неговото вчерашно гостување во емисијата „Детектор“ на Сител ТВ во дебата со Павле Богоевски, кажа дека расчистувањето на случајот „Рекет“ ќе ја собори владата, и како што вбели тој затоа се развлекува целиот случај од негова конечна разрешница.

– Мислам дека сериозните истраги во „Рекет“ се закочени  од страв да не падне конкретната власта, бидејќи мислам дека во моментов во Македонија нема подготвеност не само за нови избори, туку и за техничка влада, вели Калајџиев.

Според него безбедносната ситуација која како што вели им е интерес на меѓународната заедница на некој начин ги кочи и недозволува да се расчисти „Рекет“.  Бидејќи како што заклучи тој расчистувањето на „Рекет“ ќе ја собори владата.