Камерон Диаз одлучи да се повлече од светот на филмот

86

Една од најпознатите холивудски актерки на средната генерација Камерон Диаз одлучи да се повлече од светот на филмот.

Четириесет и пет годишната актерка сака да им се посвети на домот и семејниот живот со нејзиниот сопруг, 39-годишниот музичар Бенџи Маден.

Актерката Селма Блер, инаку блиска пријателка на Диаз, наведе дека Камерон завршила со филмската индустија и дека нема намера да се врати на снимањата.

Камерон Диаз последната улога ја одигра во музичката комедија „Ени“ во 2014 година.