Канаваро: Фудбалот во Италија го водат мумии, време е за реформи

9
Paolo_Cannavaro

Играчот на „Сасуло“, Паоло Канаваро, по неуспехот на репрезентацијата во баражот за Светското првенство, преку социјалните мрежи порача дека фудбалот во Италија го водат мумии.

– Луѓе, денес не го загубивме Светското првенство, туку пред 15 години, кога луѓето кои инвестираат во фудбал почнаа да прибираат во нашата лига секакви промашени играчи кои ги крадат места на домашните фудбалери. Се надевам дека го допревме дното и ова е можност да се започне реформа на нашиот фудбал. Збогум за мумиите што го контролираат нашиот фудбал, дајте им простор на помладите генерации. Секоја чест на големиот Буфон, кој можеше да стане прв играч во историјата со шест настапи на Светското првенство. Се надевам дека неговите солзи се последни што се пролеани за нашиот фудбал, пишува Канаваро.

Италија синоќа одиграа 0:0 во Милано со Шведска и не успеа да избори учеството на СП 2018.