КАНАДА: Од 17 октомври ќе може да се конзумира марихуана за рекреативни цели

384

Kонзумирањето на марихуаната за рекративни цели ќе стане законско од 17 октомври, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Законот, кој го поднесе либералната Влада на премиерот, неделава е усвоен во двата дома на Парламентот. Тој вклучува преоден период од 8 до 12 недели за да им се даде време на осумте провинции и три северни територии на Канада да организираат продажба на марихуана за рекреативни цели во специјализирани продавници. Трудо информира дека провинциите побарале повеќе време и затоа законот ќе влезе во сила 17 недели по неговото усвојување.

Владата истакна дека легализирањето е единствениот начин да се спречи илегалата индустрија со марихуана вредна милијарди долари и која во моментов е под контрола на криминални групи.

Канада е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба.

Поседувањето канабис во Канада е криминал од 1923 година, но неговата употреба за медицински цели е одобрена од 2001 година.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.