КАМПАЊАТА ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОД 1 АПРИЛ: Кандидатурите до ДИК до 21 март

281
DIK

За официјализирање на претседателската кандидатура Стево Пендаровски ќе треба да поднесе 10 000 граѓански или 30 пратенички потписи. Вакава иницијатива досега не е пристигната до Државната изборна комисија. Оттаму велат дека за претстојните избори во моментов потписи собираат 7 кандидати, а овој процес досега го заврши само професорката Гордана Силјановска Давкова.

Претстојната предизворна и изборна кампања ДИК ќе ја следи со соработка со антикорупциската комисија и државниот завод за ревизија.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Одзивот досега е многу мал, регистрирани се само 413 македонски граѓани кои своето избирачко право ќе го остварат во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.