Квартален извештај за следењето на работата на Заводот за ревизија

206

Во Скопје денеска ќе биде презентиран четвртиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот јули – септември годинава.

Кварталниот извештај ја опфаќа работата на Државниот завод за ревизија од аспект на транспаретноста во комуницирањето и информирањето на јавноста преку веб- страницата, перцепцијата на медиумите за транспареноста на Заводот, прецепцијата на пратениците во македонското Собрание и резултатите од работата на ДЗР.

Покрај извештајот, ќе биде презентирана и новата годишна програма за работата на Државниот завод за ревизија.

Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“ којшто е имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии со поддшка од Британската амбасада во Скопје.

Во текот на проектот, односно до март 2018 година ќе бидат подготвени уште два извештаи.