Кил со 14 играчи против Вардар, но тука се Дувњак, Билик, Зарабец…! (ФОТО)

1273

Вардар и Кил вечерва од 19 часот ќе го отворат пролетниот дел од сезоната во ракометната Лига на шампионите, а двајцата тренери, Стевче Алушовски и Филип Јиха ги обелоденија составите со кои ќе играат.

Во тимот на Вардар знаевме дека има проблеми уште со тргнувањето од Скопје, во понеделникот. Во Македонија останаа Шишкарев и Кугис, првиот поради воспаление на увото, вториот поради потешка повреда на скочниот зглоб. Радува што во составот е Жозе Де Толедо, првпат во Лигата на шампионите, а Дејан Периќ, тренерот на голманите го советувал Алушовски да му даде шанса на Васе Гогов во стартните 16, наместо на Марко Кизиќ.

Кил, од друга страна, ќе излезе со 14 играчи, меѓутоа оние кои ја носат играта на своите рамена се тука. Тоа е убиствената бековска линија со Дувњак, Билик, Зарабец, Рајнкинд, „тепачите“ Пекелер, Винчек и Хорак и голманот Никлас Ландин.

Судии на натпреварот ќе бидат Летонците Зигмарс и Ренарс.