Ким: Се разбравме со Трамп

141

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун за време на разговорот со претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека Северна Кореја и САД треба „итно“ да престанат со „иритирачки и непријателски воени акции еден против друг“, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Ким на вчерашната средба рекол дека Пјонгјанг и Вашингтон би требало да престанат со провокации и да преземат правни, институционални чекори за да се обезбеди тоа. Во информацијата на КЦНА се додава дека Ким рекол дека Трамп „тоа го разбира“ и дека ветил прекин на воените вежби на САД и Јужна Кореја за време на преговорите со Северна Кореја.