КИНА: Нама веќе стриптиз на погреби!

83

Кинеските власти покренаа акција против бизарниот обичај изведување стриптиз на погреби, којшто, како што стои во образложенијата, „го нарушува општествениот морал“ во руралните подрачја на земјата.

Со настапите на професионални стриптизети, некои семејства сакаат на погребот на своите блиски, да го покажат своето богатство, што годиниве станува се почесто.

Кинеските власти во два наврата, во 2006 и во 2015 година, безуспешно се обиделе да стават крај на овој ласцивен обичај. Операциите опфатиле 19 градови во четири кинески провинции.

Новата кампања содржи и јавен повик – луѓето да се јават на посебна телефонска линија, доколку забележат „недолично однесување на погребите“, да го пријават. За лицето што ќе пријави предвидена е и парична награда.

Ова предизвика бура на цоцијалните мрежи.