Кинези загинаа при пожар во фабрика во Русија

124

Најмалку 10 лица загинаа во пожар што избувна рано изутринава во фабрика за производство на чевли во местото Чернореченскиј во руската Новосибирска Област, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија.

Според првичните информации, сите десетмина загинати работници во фабриката биле државјани на Кина или Таџикистан.

Пожарот избувнал во магацинот на фабриката, каде што се чувале репроматеријалите за производство на чевли, но и готови производи, по што се проширил и во производствениот погон.

Огнената стихија зафатила површина од околу 2.000 метри квадратни.

Руски медиуми јавија дека пожарот предизвикал „токсичен чад“, но Министерсвото соопшти дека извршените тестови покажале оти во воздухот во околината на фабриката нема зголемено количество на штетни честички.