КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА: Одбележување на Светскиот ден на водата (22 март)

72

Под мотото „Вода за сите-кој и да си каде и да си водата е твое човеково право“ ќе се одржи настан  во Кинотека на Македонија со почеток во 10:00 часот на 22 март (петок) кога се одбележува Светскиот ден на водата.

„Ние и оваа година со нашето мото „Среќен ден на водата„ ,со цел да покажеме уште еднаш, колку сме среќни што имаме здрава, безбедна и достапна вод подготвивме настан со многу учеснци, ученици ,студенти, пензионери, и љубители на овој настан.
Ќе пееме за водата, ќе играме , ќе се дружиме и ќе гледаме филмови за водатА“, велат организаторите.

Тие објаснуваат дека ќе биде прикажан документарниот филм „Езеро од јаболка“ од авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска кои на модерен и визуелно возбудлив начин ги доловуваат резултатите од долгогодишните напори за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро.

Посетителите ќе имаат можност да го погледнат и филмот „Водата“ сниман кај Пустец. Водата е метафоричен поглед на животот во суша на луѓето кои живеат во Пустец покрај Преспанското езеро.

Настанот ќе биде збогаден со многу убава содржина од три квалитетни, едукативни и забавни часа.

Организатори на „Ден на водата 2019- Водата е човеково право“ се Институт за јавно здравје на Република Македонија и КАТ Продукција-Скопје.