КИЦ: Изложба на уметници-учесници на европскиот проект „КреАрт“

338

Во Културно-информативниот центар вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба на уметниците Марио Ромода од Хрватска и Марија Конеска од Македонија.

Двајцата уметници се први гости/учесници на европскиот проект „КреАрт“ и создаваа свои дела во период од еден месец.

– Уметникот Ромода создава слики на стари превозни средства на стиропор со нему својствена комбинирана техника, со цел покрај ликовноста да се добие пластичност и тридимензионалност на сликите. Уметницата Марија Конеска, пак, создава дела користејќи стари фотографии во манирот на дигиталната уметност, наведува КИЦ-Скопје.

Изложбата на Ромода и Конеска за посетителите ќе биде отворена до 26 јуни.