КЛИНИЧКИ КАКО ДЕПОНИЈА: Никој нема обрска да чисти, актерите со метла в раце!

206

Клиничкиот центар долг период се дави во ѓубре. Преполнетите канти со отпад и дивите депонии низ целата клиника се секојдневна слика на Клинички, па откако медиумите постојано објавуваат за настанатиот проблем, надлежните, но и граѓани и невладини организации огранизираат акции за чистење.

Утрово чистеа актерите, но и вработени на „Комунална хигиена“. Присутни беа Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани и заменик-министерот за здравство, Асим Муса кои најавија многу скоро решавање на проблемот со одржување на хигиената и чистење на дворот на Клинички центар, но не прецизираа дали Центарот ќе го исплати долгот што го има кон ова јавно претпријатие, ниту пак помогнаа со чистење. Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ посочи дека дошол само да ги набјудува вработените.

– Имавме еден координативен состанок со заменик-министерот за здравство и сите ќе се залагаме да најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот со одржувањето на хигиената во дворот на Клинички центар. Со помош и на другите јавни градски претпријатија, во координација и со градоначалникот на Град Скопје ќе најдеме заеднички јазик за решавање на проблемот, рече Шабани.

Тој најави дека акцијата ќе продолжи и утре поради помалата фрекфенција на луѓе и возила. Шабани рече и дека вакви повремени акции ќе има и во иднина, без разлика дали се или не се обврзани, бидејќи, како што потенцира и покрај проблемот совеста не им дозволува да не го чистат Клиничкиот Центар.

Заменик-министерот за здравство само кусо повтори дека очекува многу скоро решение на овој проблем.

– На праг сме на решение на оваа на состојбата. Тие секогаш изразуваат доба волја да ни помогнат и покрај тешкотиите што ги имаат, но, како што рече и директорот на ова претпријатие на праг сме на решавање на актуелниот проблем, истакна Муса.

Покрај акцијата на вработените на ЈП „Комунална  Хигиена“ за претпладнево на клинички чистеа и актерите во обид да помогнат и да покренат јавната свест за одржување на чистотата во дворот на Клиничкиот центар.