Книга за холокаустот на македонските Евреи од Мартин Треневски

223

Објавена книгата „Холокаустот на македонските Евреи – злосторство што не се заборава“ од дипломатот, новинар и публицист Мартин Треневски. Станува збор за анализа за сведочења на преживеаните македонски Евреи за бруталноста со која нивните предци биле испратени во логорите на смртта, во издание Издавачката куќа „Нампрес“.

Треневски го опишува животот на Евреите во Македонија, долг повеќе од 2000 години, и судбина слична на македонскит народ низ историјата. Прецизно се дадени имињата и бројноста на еврејското население низ историјата, нивниот пат, раселувања и населувања на пошироката територија на Македонија, нивниот живот и работата низ вековите. Посебно се интересни податоците за тоа како значајни личности со еврејско потекло се бореле и придонесувале за слободата на Македонија во подалечното, но и во нашето поблиско минато, соопшти издавачот.

Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик. Преводот на англиски е на Ристо Стефов, македонски иселеник од Торонто.