Ковчегот со посмртните останки на Џорџ Буш во Вашингтон

35
Телото на починатиот поранешен американски претседател Џорџ Буш е пренесено во Вашингтон каде што ќе биде изложено до погребната државна церемонија на 5 декември на која ќе присуствуваат голем број странски државници.
Четириесет и првиот претседател на САД почина на 30 ноември во Тексас на 94 годишна возраст. За време на погребот ќе говори неговиот син, поранешниот претседател Џорџ В. Буш. Доналд Трамп ќе присуствува на погребот, но нема да одржи говор. Џорџ Буш беше претседател на САД од 1989 до 1993 година.