Кога е здрав, Ѓоковиќ е незапирлив

160

Новак Ѓоковиќ имаше успешен камбек на тениските терени откако ги надмина проблемите со повредата што  еден месец го оддалечи од турнирите. Првиот светски рекет настапи на турнирот во Токио, каде рутински ја мина првата пречка славејќи над Алексеј Попирин со 2-0 во сетови.

Србинот мина на теренот 85 минути, половина час мина во „запознавање на противникот“, за потоа моќно да финишира и да триумфира со 6-4, 6-2.

Негов следен противник ќе биде домашниот тенисер Соеда, кој денеска славеше над Германецот Штруф со 2-1 во сетови.