Кои светски настани ја обележаа 2017 година?

154
Godina_2017

1 јануари – Португалскиот политичар и дипломат Антонио Гутереш стана генерален секретар на ОН, заменувајќи го Јужнокореецот Бан Ки-мун.

12 јануари – Претседателот на САД Барак Обама го одликуваше потпретседателот Џо Бајден со претседателскиот Медал за слобода.

17 јануари – Американскиот претседател Барак Обама ја намали затворската казна на Челзи Менинг, свиркач за Викиликс од 35 на седум години.

20 јануари – Доналд Трамп е инаугуриран како 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави и Мајк Пенс како 48-ми потпретседател.

20 јануари –  Автомобил удри во пешаци во Мелбурн, при што загинаа шест лица, а беа повредени 27 лица.

27 јануари – Доналд Трамп издаде извршна наредба за забрана за патување во САД за седум, главно, муслимански земји и суспендирање на приемот на бегалци.

1 февруари – Рекс Тилерсон именуван за 69-ти државен секретар на САД.

1 февруари – Британските пратеници гласаа во корист на законот за Европската унија, дозволувајќи и на владата да ги започне преговорите за Брекзит.

6 февруари – „Катар Ервајз“ го реализираше најдолгиот комерцијален лет,  кога авионот Б777 слета во Окленд од Доха, по лет од 16 часа и 23 минути.

12 февруари – 59. Греми награди: Адел ја освои наградата за најдобрата песна „Hello“ и најдобар албум „25″.

13 февруари – Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати оставката на советникот за национална безбедност Мајкл Флин заради неговите односи со Русија.

26 февруари – 89-ти Оскар: Најдобар филм „Месечева светлост“, најдобар режисер Демиен Чазел, најдобар актер Кејси Афлек, најдобра актерка Ема Стоун.

3 март – Масовна гробница со 800 деца и доенчиња пронајдена во поранешен католички дом во Туам, Ирска.

6 март – Викиликс ги објавува документите на ЦИА “Vault 7” со детали за техниките на хакирање и надзор.

11 март – Најмалку 65 загинати во лизгање на земјиштето  во Адис Абеба, Етопија.

18 март – На 90-годишна возраст почина Чак Бери, американски рокенрол гитарист и пејач и текстописец.

20 март – Дејвид Рокфелер, американски извршен директор (Chase Manhattan Bank) и филантроп, почина на 101 година.

22 март – Заврши реставрацијата на Гробот на Исус во Ерусалим.

22 март – Во терористички напад на лондонскиот Вестминстер мост и Парламентотдомовите на парламентот загинаа четири лица, вклучително и еден полицаец, а 40 беа повредени.

26 март – Протестите против корупцијата во Русија резултираа со стотици уапсени, меѓу кои и лидерот на опозицијата Алексеј Навални.

29 март – Премиерот на Велика Британија, Тереза Мејда го потпиша писмото за активирање на Член 50 и со испраќањето до ЕУ, формално го активира Брекзит.

30 март –  Поранешната јужнокорејска претседателка Парк Геун-Хју уапсена во рамки на истрагата за корупција.

31 март – Лизгање на земјиштето, предизвикано од обилните дождови во Мокоја, Колумбија, усмрти повеќе од 200 лица.

1 април – Боб Дилан ја прими Нобелова награда за литература на приватна церемонија во Стокхолм.

3 април – Бомба во метро во Санкт Петербург, 11 загинати.

4 април  – Во напад со хемиското оружје во Кан Шеикхун, Сирија, употребено од страна на сириските сили загинааповеќе од 80 цивили.

4 април  – Дијамантот Пинк ѕвезда постави светски рекорд со цената од 71 милион долари за скапоцен камен на аукција во Хонг Конг.

7 април – Терористички напад со камион во Стокхолм, при што загинаа четири лица.

15 април – Во самоубиствен напад со автомобил-бомба во Рашидин, погодени автобуси со евакуирани Сиријци, 126 загинати, меѓу кои и 70 деца.

21 април – Талибанци нападнаа армиска база во Мазар-е-Шариф, Авганистан, при што загинаа повеќе од 100 лица.

29 април – Три торнада погодија југоисточно од Далас, Тексас, при што загинаа пет лица.

7 мај – Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција.

9 мај – Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на ФБИ Џејмс Коми.

9 мај  – Мун Јае-ин избран за претседател на Јужна Кореја.

10 мај –  Епл стана првата компанија која вреди повеќе од 800 милиони долари.

13 мај – 62. издание на Евровизија: Португалецот Салвадор Собрал победи со песната „Amar Pelos Doisс”.

15 мај – Во Сана, Јемен, прогласена  вонредна состојба по избувнувањето на епидемија на колера, од која починаа 115 лица.

18 мај – Крис Корнел, американски музичар (Soundgarden, Audioslave), изврши самоубиство на 52-годишна возраст.

20 мај – Пипа Мидлтон (33), сестра на војвотката од Кембриџ, се омажи за Џејмс Метјуз (41) во Енглефилд, Беркшир.

22 мај – Бомбаш-самоубиец во Манчестер Арена, Англија, по концертот на Ариана Гранде уби 22 лица и повреди 59 лица.

23 мај – Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со папата Франциско во Ватикан.

23 мај – На 89-годишна возраст почина Роџер Мур, британски актер.

28 мај – Шведскиот филм „Квадратот“, во режија на Рубен Остлунд, ја освои Златната палма на Канскиот фестивал.

28 мај – Во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шри Ланка загинаа најмалку 151 лице.

29 мај – Во бура и силните ветришта во Москва, Русија, загинаа 13 лица.

29 мај – Мануел Нориега, панамски генерал и диктатор (1983-89), почина на 83 години.

29 мај – Константин Мицотакис, премиер на Грција (1990-1993), почина на 98 години.

30 мај – Голем самоубиствен напад во дипломатски кварт Кабул, Авганистан, загинаа повеќе од 150 лица и повредени најмалку 400 лица.

2 јуни – Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека САД се повлекуваат од Парискиот договор за климата.

3 јуни – Терористички напад на пазар во Лондон, седуммина загинати и 48 повредени. Напаѓачите застрелани од британската полиција.

5 јуни – Бахреин, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Египет ги прекинаа односите со Катар, обвинувајќи го за поддршка на терористичките групи. Јемен, Малдиви и Либија го следеа примерот.

5 јуни Црна Гора стана 29. членка на НАТО.

7 јуни – Бомбаши-самоубијци го нападнаа иранскиот парламент во Техеран и мавзолејот на ајатолахот Хомеини, при што загинаа 12 лица.

8 јуни – По изборите во Велика Британија, премиерката Тереза Меј и  Конзервативната партија го загубија мнозинството.

11 јуни – Јапонија го усвои законот со кој се овозможува на царот Акихито да абдицира.

14 јуни – Сенатот на САД одобри нови санкции против Русија како казна за мешањето во изборите во 2016 година.

14 јуни – Пожар во Гринфел кула во Лондон, Англија, при што загинаа 79, а повредени се 37 лица.

16 јуни – Хелмут Кол, германски канцелар (Западна Германија, 1982-90, обединета Германија, 1990-98), почина на 87 години.

18 јуни – Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон  и сојузниците освоија мнозинство во вториот круг Француските парламентарни избори.

19 јуни – Почнаа преговорите за Брегзит меѓу Обединетото Кралство и Европската унија во Брисел.

24 јуни – ОН соопшти дека со епидемијата на колера во Јемен  погодени се 200.000 случаи, со 1.300 смртни случаи. Најлошата епидемија на колера каде и да е во светот.

26 јуни – Бразилските државни обвинители поднесоа обвиненија за корупција против претседателот Мишел Темер.

3 јули – Во автобуската несреќа во сообраќаен метеж, што резултираше со пожар, во близина на Мунхберг, Германија загинаа 18 лица.

4 јули – Северна Кореја успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета во Јапонското Море.

6 јули – Владата на Шри Ланка потврди дека појавата на денга треска убила најмалку 227 лица.

6 јули – Франција соопшти дека ќе забрани бензин и дизел автомобили до 2040 година.

7 јули – Тесла Моторс го произведе својот прв автомобил за масовна потрошувачка, Моделот 3.

7 јули – Самитот на Г-20  почна во Хамбург, Германија, проследен со насилните протести.

9 јули – Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади прогласи победа над силите на „Исламска држава“ во Мосул.

 9 јули – Илјадници демонстранти на протест против турската влада во Истанбул.

19 јули  „Деспасито“  од Луис Фонси и Деи Јенки, стана најстримуваната песна досега, пуштена 4,6 милијарди пати.

24 јули – Талибанците со  автобус-бомба во Кабул убија најмалку 38 лица, главно вработени во авганистанското Министерство за рудници и нафта.

24 јули – Талибански бомбаш-самоубиец на мотоцикл уби најмалку 26 и повреди 50 лица во Лахоре, Пакистан.

25 јули – Шумските пожари на француското медитеранско крајбрежје принудија на евакуација 12.000 луѓе.

28 јули – Пакистанскиот Врховен суд прогласи дека обвиненијата за корупција против премиерот Наваз Шариф се доволни за тој да биде отстранет од функцијата.

30 јули – Рускиот претседател Владимир Путин нареди намалување на бројката на американските дипломати во Русија за 755, како одговор на американските санкции.

30 јули – Парламентарните избори во Венецуела попречени од насилни протести, најмалку три лица загинаа.

1 август – Американскиот Сенат го потврди изборот на Кристофер А. Вреј за директор на ФБИ.

1 август – Бомба експлодираше во џамијата Џавадија Шиа во Херат, Авганистан, 30 лица загинаа.

3 август – Иранскиот претседател Хасан Рохани е избран за втор мандат на таа функција.

5 август – Советот за безбедност на ОН гласаше за воведување на санкции за Северна Кореја заради нејзината континуирана нуклеарна програма.

20 август – Џери Луис, американски комичар почина на 91-годишна возраст.

23 август – Во воздушен напад врз хотел во главниот град на Јемен, Сана, изведен од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, загинаа најмалку 30 лица.

25 август – Ураганот Харви го погоди Тексас.

26 август  – Во насилни судири по осудата на духовниот водач Гурмеет Рам Рахим Синг, загинаа 31 лице, 120 примени во болница.

30 август – Властите соопштија дека во поплавите во Бангладеш, Непал и Индија загинале повеќе од 1.200 лица и оштетени се 697.000 куќи.

30 август – Ураганот Ирма, што се формираше близу Зеленортските Острови, стане ураган од 5 категорија, предизвикувајќи смрт на најмалку 102 лица.

31 август – Меѓународната организација за миграција соопшти дека 18.500 Рохинџи муслимани избегале од насилствата во државата Мјанмар.

3 септември – Калифорнискиот гувернер Џери Браун јобјави вонредната состојба поради пожарите во близина на Лос Анџелес.

5 септември – Ураганот Ирма стана моќен ураган над Атлантскиот Океан, со рекордни ветришта со брзина од 185 милји на час.

6 септември – Парламентот на Каталонија го усвои законот со кој се дозволува организирање референдум за независност од Шпанија.

7 септември – Земјотрес со јачина од 8,2 степени го погоди Мексико, при што загинаа најмалку 90 лица.

11 септември – ОН наметна нови извозни санкции за Северна Кореја.

11 септември – Норвешката конзервативна премиерка Ерна Солберг, која ја предводи десничарска коалиција, прогласи победа на општите избори во Норвешка.

13 септември –  Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека бегалската криза е „катастрофална”, откако 370.000 Рохинџи побегнаа од Мјанмар.

14 септември – Пожар во верско училиште во Куала Лумпур, Малезија, уби 23 лица.

14 септември – Во два терористички напади на „Исламска држава“ во провинцијата Дикар, јужен Ирак, убиени најмалку 60 лица.

15 септември – Терористичката бомба само делумно експлодираше во напад на метро станица во Лондон, повредувајќи 29 лица.

18 септември – Ураганот Марија мина низ карипскиот остров Доминика како ураган од категоријата 5, уништувајќи 90 отсто од објектите, 27 лица загинаа.

19 септември – Претседателот на САД  Доналд Трамп се обрти на Генералното собрание на ОН и вети „целосно уништување на Северна Кореја”, доколку се заканува на САД.

19 септември – Над 300 лица згаинаа  во земјотрес со јачина од 7.1 земјотрес степени  југоисточно од градот Мексико.

20 септември – Ураганот Марија го зафти Порторико како ураган од категоријата 4, усмртувајќи  25 лица.

25 септември – 92 отсто од ирачките курди гласаа на контроверзниот референдум за независност на Ирачки Курдистан.

26 септември – Саудиска Арабија објави дека ја поништува одлуката со која беше забрането жени да возат автомобили.

27 септември – Тајландски екс премиер Јинглук Шинаватра е прогласен за виновен за небрежност во шемата за субвенции на ориз, во отсуство осуден на пет години затвор.

28 септември – Хју Хефнер, американски издавач на списанија и бизнисмен (Плејбој), почина на 91-годишна возраст.

1 октомври – Каталонија одржа референдум за отцепување од Шпанија.

1 октомври – Стивен Паддок застрела 58 лица и рани 489, на концерт во Лас Вегас, во најкрвавиот напад со огнено оружје во американската историја.

3 октомври – Џалал Талабани, ирачко-курдски политичар и претседател на Ирак (2005-2014), почина на 83-годишна возраст.

5 октомври – Шпанскиот уставен суд го суспендира парламентот на Каталонија за да спречи прогласување независност.

5 октомври – „Њујорк тајмс” објавува истрага за сексуално вознемирување од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстин.

6 октомври – Нобеловата награда за мир доделена на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ICAN).

6 октомври – Во бурата Нејт загинаа најмалку 22 лица на Костарика, Никарагва и Хондурас.

12 октомври – Чума на Мадагаскар уби 57, досега пријавени 684 случаи од СЗО.

14 октомври – Терористички напад со камион во Могадишу, Сомалија, над 300 мртви и стотици повредени.

15 октомври – Околу 15 500 пожари беснеат во Португалија и Северна Шпанија, во кои загинаа најмалку 35 лица.

16 октомври – Убиена Дафне Каруана Галиција, новинарка на Малта која истражуваше корупција во високите државни кругови.

18 октомври – Конгресот на Кинеската Комунистичка Партија, на отворањето претседателот Кси Џинпинг говореше 3 часа 23 минути и најави „нова ера”.

19 октомври – Лабуристичката партија во Нов Зеланд формираше коалициона влада предводена од Јакинда Ардерн (37), најмладиот лидер на државата во последните 161 година.

26 октомври – Во сксплозија и пожар во фабрика за пиротехника во Танганганг, Индонезија загинаа 47 лица.

28 октомври – Во двоен бомбашки напад во Могадишу, Сомалија, загинаа најмалку 27, Исламската милитантна група Ал Шабаб ја презеде одговорноста.

30 октомври – Актерот Кевин Спејси се извини откако актерот Ентони Рап го обвини за сексуално злоставување кога имал 14 години

30 октомври – Ухуру Кенјата прогласи победа на претседателските избори во Кенија.

31 октомври – Терористички напад во Њујорк, камион прегази луѓе на велосипедска лента, при што загинаа осум, а беа повредени 10 лица.

1 ноември – Британскиот секретар за одбрана Мајкл Фалон поднесе оставка поради неговото однесување кон жените, дел од поширок скандал на сексуално вознемирување од страна на британски политичари.

4 ноември – Саудиска Арабија уапси 11 принцови и други министри по обвиненија за корупција, вклучително и милијардерот, принцот Алвалид бин Талал.

4 ноември – Либанскиот премиер Саад Харири поднесе оставка преку шокантна ТВ емисија од Ријад, Саудиска Арабија, што предизвика загриженост дека е насилно притворен.

5 ноември Тајфунот Демри го погоди јужно-централниот брег на Виетнам, при што загинаа најмалку 27 лица.

5 ноември – Напаѓач смртно застрела 26 лица и повреди 20 во црква во Сандерленд Спрингс, Тексас.

5 ноември – Објавени „Рајските документи“; 13,4 милиони документи од оф-шор инвестициска фирма Appleby, во кои меѓу другите се споменуваат и кралицата Елизабета и Вилбур Рос, американскиот секретар за трговија.

12 ноември – Земјотрес со јачина од 7,3 степени во близина на Халабџал, Ирак, на границата со Иран, во кој загинаа над 500 лица, а 7.000 беа повредени.

15 ноември – Аргентинската подморница Сан Хуан исчезна во Атлантикот.

15 ноември – Војската на Зимбабве  Зимбабвејската го уапси Роберт Мугабе и неговото семејство и го назначи заменик-претседателот Еммерсон Монанггава за привремен претседател.

19 ноември – Чарлс Менсон, американски криминалец, убиец и лидер на култ (семејството еансон), почина од природни смрт на 83 години.

21 ноември – Оставката на Роберт Мугабе по 37 години на власт беше прочитана во парламентот на Зимбабве за време на постапката за импичмент.

22 ноември – Ратко Младиќ „Месарот на Босна” е осуден на доживотен затвор за геноцид и други злосторства за време на босанската војна.

24 ноември Милитантните вооружени напаѓачи ја нападнаа џамијата Суфи во Бир ал-Абед на Синајскиот Полуостров, Египет, при што загинаа 305 лица.

27 ноември – Британскиот принц Хари и Меган Маркл ја објавија својата веридба.

29 ноември – Босанскиот воен злосторник Слободан Праљак изврши самоубиство со отров во судница во Хаг, откако му беше потврдена пресудата за 20 години затвор.

1 декември –  Поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Трамп, Мајкл Флин, се изјасни за виновен за лажење на ФБИ.

5 декември – Русија и е забрането да учествува на следните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја поради допингот спонзориран од државата.

5 декември – Австриски суд пресуди во корист на истополовите бракови од 2019 година.

6 декември – Претседателот на САД, Доналд Трамп, официјално го призна Ерусалим за главен град на Израел.

6 декември – Андреј Бабиш положи свечена заклетва како премиер на Република Чешка.

7 декември – Австралискиот парламент изгласа легализација на хомосексуалните бракови.

9 декември – Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади прогласи победа над „Исламската држава“ во Ирак.

11 декември – Саудиска Арабија објави крај на 35-годишната забрана за посета на жени на кино.

11 декември – Рахул Ганди, син на поранешниот премиер Раџив Ганди, е избран за лидер на Индискиот национален конгрес.

11 декември – Шест пожари во Јужна Калифорнија, со површина поголема од Њујорк и Бостон заедно.

14 декември – Американскиот медиумски регулатор на Федералната комисија за комуникации изгласа укинување на „неутралноста на Интернет“.

14 декември – Бомбаш-самоубиец уби најмалку 18 полицајци во тренинг центар во Могадишу, Сомалија, Исламската група Ал Шабаб ја презеде одговорноста.

17 декември – Себастијан Пињера победи на вториот круг од претседателските избори во Чиле.

18 декември – Свечена заклетва на новата австриска Влада, предводена од Себастијан Курц.

20 декември – Еврокомисијата ја почна процедурата за активирање на Член 7, со што Полска може да биде казнета поради непочитување на човековите права.

21 декември – Генералното собрание на ОН гласаше 128 наспроти 9 за Резолуција со која се бара отповикување на амерканската одлука за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.