КОМИТИ: АКО ИМА НЕКОЈ КОЈ НЕ ЗАДОЛЖИЛ И ЧИЕ ИМЕ ТРЕБА ДА ГО СЛАВИМЕ, ТОЈ Е ИГОР КАРАЧИЌ!

41

Европскиот првак Вардар утре, 17:30 часот ќе го пречека Келце, еден од најголемите ривали во најсилното европско клупско натпреварување. Но, она што го прави различен овој дуел е што сега во полските редови има играч кој претходните осум години беше вардаров херој, Игор Карачиќ.

Најверната вардарова публика, “Комити” се подготвуваат да му посакаат посебно добредојде на Хрватот, за кој велат дека е наш и наш ќе остане…

“Има многу играчи кои не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…

Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој не е Македонец а по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој – Игор Карачиќ !!!
Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно.
Игор е наш, наш и ќе остане.
Сите во сала !!!” – порачаа Комити.