КОНТЕ: Добрата игра победува во борбата против шпекулациите

33

Менаџерот на „Челзи“, Антонио Конте, беше исклучително задоволен по победата (3:0) над Вест Бромвич Албион синоќа во 27. круг на Премиер Лигата. „Челзи“ беше во серија од два последователни порази од ривалите како Борнемут и Ватфорд, по што се зголемија шпекулациите за отпуштањето на италијанскиот стратег.

– Навикнат сум на секакви шпекулации. Моите играчи знаат што треба да направат. Постои особено ефикасен начин за борба против гласините, а тоа се победите на теренот и демонстрацијата на добар фудбал. Но, дури и тоа понекогаш не помага. Што се однесува до натпреварот, почнавме добро, но направивме грешки, а ВБА можеше да постигне гол. Откако го отворивме резултатот, доминиравме и го контролиравме текот на натпреварот, истакна Конте.

Италијанецот смета дека победата беше важна за да се врати самодовербата на тимот по последните лоши резултати.

„Челзи“ е актуелен шампион на Англија, но оваа сезона по 27 рунди заостанува огромни 19 бода зад лидерот „Манчестер Сити“.