КОСКИТЕ НЕ БИЛЕ НА МАЖ: Пронајдени останките на Амелија Ерхарт

176

Коските пронајдени на пацифичкиот остров Никумарор и припаѓаат на Амелија Ерхарт, покрај форензичката анализа од 1941 година според која тие коски припаѓаа на маж, покажува најново научно истражување што го пренесува „Вашингтон пост“.

Ерхарт е првата жена авијатичар која сама го прелета Атлантскиот океан и која најверојатно ќе беше првата жена која сама ќе леташе со авион околу светот доколку не исчезнеше над Пацифичкиот океан во 1937 година.

Според студијата „Амелија Ерхарт и коските од Никумарор“, што ја напиша професорот Ричард Јанк од Универзитетот во Тенеси, тие коски со децении биле енигма, а многумина шпекулираа дека Ерхарт починала на остворот по пад со авион.

Коските ги откри британската експедиција истражувајќи го островот.

Исчезнувањето на Амелија Ерхарт предизвика едно од најголемите истражувања во историјата на авијацијата.