КОЅИАС: Националната рана отворена пред 26 години треба да биде излекувана до 2018 година

221

Владата има намера да го реши спорот со името со Македонија, рече грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас во интервју за весникот Екатимерини. Тој вели дека националната рана, која е отворена пред 26 години, треба да биде излекувана до 2018 година.

„Верувам дека прашањето треба да биде решено до првата половина на 2018 година“- изјави Коѕиас.

Според него, во спротивно ќе има „големи компликации“. Тој додаде дека по неговото решавање ќе останат „три-четири месеци бирократија во ОН “.

Според министерот, ова прашање треба да се реши до крајот на 2018 година, затоа што изборите ќе се одржат во следната 2019 година и тоа во Македонија и во Грција. Тој смета дека такви прашања треба да се решат во релаксирана атмосфера.