КОЅИЈАС ПОЛН ОПТИМИЗАМ: Договорот за името ќе помине во грчкиот Парламент

175
Kozijas

Договорот со Северна Македонија во секој случај ќе помине во грчкиот Парламент, но сакам да го разјаснам следното: се стремиме кон мнозинство над 150 гласови и тоа ќе го добиеме, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.“

Секако дека не сум пророк – луѓе може да умрат, може да има земјотреси, но под нормални услови нема да постои апсолутно никаков проблем да ги добиеме овие 151 глас. Точно ги преброив“, вели Коѕијас.

Тој додава дека е точно оти Независни Грци нема да гласаат како партија, но според него постојат пратеници од партијата кои сметаат дека е добар договорот, но и дека исто така имало и некои пратеници во партијата Река кои сметаат дека договорот е добар.