Кој е најпосетуваниот град во светот?

4698

Тајландскиот главен град Бангкок е на првото место на најпосетувани градови во светот, покажува годишното истражување на „Мастеркард“.

Бангкок е најпосетуван град во светот четврта година по ред со 22,8 милиона посетители. Париз и Лондон се на второто и третото место со приближно 19,1 милиони посети, а потоа следува Дубаи со 15,9 милиони. Списокот го продолжуваат два града во југоисточна Азија, Сингапур и Куала Лумпур, кои се рангирани на петтото и шестото место. Според истражувањето, кое опфаќа 200 града, во првите десет се и уште Њујорк, Истанбул, Токио и Анталија.

Бројот на меѓународни посетители во анализираните 200 града е зголемен 76 проценти во последните 10 години. И покрај фактот дека Бангкок е на врвот на листата неколку години, тајландскиот туризам бележи благ пад во посетите, што не е незначително во земја каде што туризмот генерира 12 проценти од приходите.