Кој се дотера најубаво за овогодинешните МОДНИТЕ ОСКАРИ? (ФОТО)

275

Дизајнерот Раф Симонс, креативниот директор на „Келвин Клајн“, е добитникот на наградата Најдобар дизјанер за женска облека за 2018 година. Наградата му беше доделена вчеравечер на најпрестижната манифестација Модни награди на Советот на американски модни дизајнери (CFDA) во музејот на Њујорк, во Бруклин.

Нарцисо Родригез оваа година ја пoснесе наградата за животно дело која што го носи името Џефри Бин. Донатела Версаче ја доби наградата за најдобар интернационален дизајнер, а Наоми Кембел е прогласена за модна икона. За разни допринеси во модата наградени се Ралф Лорен, Дајан вон Фурстенберг и Каролина Херера. Сандра Лак од Sies Marjan ја доби наградата на Swarovski за нов талент, сестрите Олсен од брендот The Row имаат најдобри модни додатоци, а брендот Supreme најдобра машка колекција. Ким Кардашијан е прогласена за најуспешен инфлуенсер.

Меѓу присутните голем број пријатно изненадија со изгледот, но ќерката на Синди Крафод, манекенката Каја Гербер(16) доби негативни критики од модните екперти.

На настанот познат како Модни оскари гостите од модниот свет се појавија во прекрасни креации. Погледнете низ галеријата.