КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ: Почина врвниот моден дизајнер Карл Лагерфелд (ВИДЕО)

290

Модниот свет во солзи. Познатиот германски креатор Карл Лагерфелд, кој се смета за икона на модната индустрија во светот, почина денеска на 85 годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврдил и извор од француската модна куќа „Шанел“.

Француските медиуми објавија дека Лагерфелд починал утринава откако синоќа бил пренесен во болница во близина на Париз.

Откако не се појви на последната ревија во рамките на Париската модна недела  каде беше претставена најновата колекција „Шанел“  есен-зима 2019/2020, работите станаа сомнителни. Не се случило никогаш сиве овие години да мине ревија без него!

Тој беше креативен директор на брендот од 1983 година, па веднаш се постави прашањето кој ќе го замени? Комапнијата даде известување дека  Вирџинија Виард, една од долгогодишните и најблиски соработници на Лагерфелд, негова десна рака, ќе застане на неговата позиција. Таа на новата позиција ќе дојде од местото менаџер на креативното студио на „Шанел“.

Лагерфелд направи видливи промени во модата и остави силен печат на модната куќа. Ќе остане препознатлив по своите темни очила кои секогаш ги носеше, белата коса врзана во опавче и белата кошула со висока јака, искомбинирана со кожени ракавици.