КРИВИЧЕН: Рочиште за седмообвинетиот во „Насилство во општина Центар“

124

Ново рочиште денеска во Кривичниот суд треба да се одржи за одвоената постапка за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во општина Центар“.

Судијата на главната расправа за овој предмет одлучи за него да ја раздвои постапката и да му се суди одвоено. Крстев се изјасни дека не е виновен. Тој на последното рочиште на кое присуствуваше рече дека нема адвокат што ќе го застапува пред Судот и побара судењето да се одложи со објаснување дека се чувствува лошо.

Покрај Крстев во овој предмет обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

На претходните рочишта вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.