Кривична за мајката на претепаното бебе

58
Bebe

Кривична пријава за „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ заработи мајката на претепаното 14-месечно бебе, со тешки повреди на черепот, крварење во мозокот и скршеници на нозете беше примено на КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување).

Детето било однесено на лекар, откако пријател на мајката, ја одбил молбата на жената да ги превезе до затвор за да го посети нејзиниот невенчан сопруг, па наместо таму, ги однел во Ургентниот центар.

-На локациите каде престојувала пријавената извршена е крим-техничка обработка, а подигнатите траги се предадени на ОКТИВ при МВР на што од нивна страна изготвени се извештаи од вештачење. Целокупниот материјал е предаден на надлежен Јавен обвинител на натамошно постапување, изјави Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Полициски службеници разговарале со мајката и со девет други лица, а било извршено и полиграфско испитување, поради контрадикторните изјави кои ги давала жената.