Кривична за струмчанец, по магацини крадел радијатори и вентили

78
Policija

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (34) од Струга осомничен за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Н.М. ги сторил делата во периодот од 25 декември 2017 до 14 јануари 2018 година во магацински простор и во даночното одделение на Управата за јавни приходи во Струга, како и во помошна просторија во струшкото село Радолишта.

Во објектот на даночното одделение на УЈП влегол со употреба на сила и тврд предмет и одзел радијатори и вентили, предизвикувајќи материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор влегол со употреба на сила и подесен алат и одзел еден апарат за заварување, две брусалки, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли.

– На тој начин предизвикал материјална штета од околу 32.500 денари. Во помошните простории во Радолишта влегол со помош на клучот кој бил оставен до вратата и одзел една моторна пила, флекс-машина и комплет кутија со алати со што причинил материјална штета од 40.000 денари, соопшти МВР.