КУЛТУРА НА НИВО: Не шише, не хартија, цела када во Охридско Езеро

213

Во ек на темата за Охридското Езеро и неговата безбедност некултурата на граѓаните исплива на површина или поточно го допре дното.

Членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.
На Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој по реновирање на тоалетот се што му било вишок фрлил во Езерото.

– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.