ОД НАРОДОТ ЗА МИНИСТЕРОТ: Мислел дека е бомба, а во „подарокот“ коњски измет

117

Пакет со коњски измет, адресиран до американскиот министер за финансии Стив Мнучин, е пронајден недалеку од неговиот дом во Лос Анџелес, соопштија американските власти.

Припадници на полицијата во Лос Анџелес за деактивирање експлозивни направи ја отвориле кутијата и во неа пронашле коњски измет.

Пакетот, пронајден синоќа, бил замотан како подарок, со порака „од американскиот народ“.

Полицијата соопшти дека истрагата ја презела тајната служба.