Кутињо: Сакав да го постигнам својот прв „хет-трик“ при победа на Барса

186

Офанзивниот фудбалер на „Барселона“, Фелипе Кутињо по вчерашниот пораз во 37-то коло од Ла Лига против Леванте со 5:4, изјави дека со радост би се откажал од својот „хет-трик“ во замена за победа на својот тим. 
 
Играчите на Ернесто Валверде го претрпеа првиот пораз во тековната сезона.

– Сакавме да ја завршиме сезоната без пораз. Леванте одигра прекрасен натпревар. Немав трпение да постигнам „хет-трик“ за „Барселона“, но се надевав дека тоа ќе се случи во натпревар во кој ќе победиме, изјави Фелипе Кутињо.