Лавров: Не сме против новото име на Македонија, во прашање е колку е процесот легитимен

163

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Русија не е против новото име на Македонија, туку во прашање е легитимитетот на процесот на промената на името на земјата.

„Ние не сме против името. Се прашуваме колку е овој процес легитимен и колку е навистина условен oд целта да се постигне консензус помеѓу Грција и Скопје или е предизвикан од интересот на САД сите балкански земји што побргу да ги придобие во НАТО и да запре какво било влијание на Русија во овој регион“, рече Лавров на годишната конференција за новинари, пренесе „Спутник“.

За името зборуваше и рускиот претседател, Владимир Путин, кој претходно изјави дека постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО.