ЛАВРОВ: Русија ќе го прифати било кое име на Македонија

95

Русија ќе прифати кое било име што ќе биде официјално договорено меѓу Атина и Скопје и што ќе биде внесено во Уставот на Македонија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес-конференција во руското МНР.

– Било кое решение кое ќе го најдат двете страни и тоа биде поткрепено во македонскиот устав ние најверојатно ќе го прифатите – изјави Лавров.

Тој објаснува дека спорот за името долго време бил во „полузаспана состојба“ и дека оживеал дури откако САД решиле Македонија да влезе во НАТО.

Лавров е свесен дека Грција е веќе членка на НАТО и оти таа не треба да прави отстапки туку дека тоа треба да го направи Македонија.