Лазаров и Кузмановски ќе се судрат во ЕХФ Купот

220

Денеска во Виена, Австрија беше извршена ждрепката за групната фаза во ЕХФ Купот. Македонија нема да има претставник со свој клуб во второто по ранг клупско натпреварување во Европа, по елиминацијата на Металург од Горење Велење во третото квалфикациско коло, но затоа ќе има тројца наши ракометари.

Ждрепката сакаше германскиот Магдебург, за кого игра Филип Кузмановски да биде во Групата Ц, каде што ќе биде и Нант на Кире Лазаров. Тоа ќе бидат интересно пресметки помеѓу нашите двајца репрезентативци.

Третиот македонски репрезентативец во ова натпреварување е Борко Ристовски, кој со Бенфика ќе игра во рамки на Групата А.

Група А: Мелсунген, Силкеборг, Ополе, Бенфика

Група Б: Рајн Некар Левен, Куенка, Ним, Холстебро

Група Ц: Магдебург, Нант, Горење Велење, Адемар Леон

Група Д: Екс Прованс, Татабања, Фуксе Берлин, Ла Риоха

ЕХФ Купот стартува на 8/9 февруари, а последното коло ќе се одигра на крајот од март, поточно на 28/29. Најдобрите две екипи од сите четири групи ќе минат во четвртфиналето, по што ќе бидат познати четворицата учесници на завршниот турнир.