Лас Вегас и Лондон ќе добијат сферични музички сали

118

Компаниjата специjализирана за изградба на стадиони – Популус планира да гради музички сали во облик на топка во Лас Вегас и Лондон.

Фирмата којашто стои зад Њујорк Медисон Сквер Гарден (МСГ), ги презентираше идните проекти за двете страни на Атлантикот. Тие ќе ја имаат топчеста форма и ќе бидат опремени со најсовремена технологија за звук, конекција, акустика, видео-ефекти и слично.

Првата сфера, онаа во Лас Вегас, ќе има капацитет од 23.000 места, 18.000 седишта и 5.000 за стоење.

Концепцијата за Лондон е истата, како онаа во САД, изјави Џејм Долан, извршен директор на МСГ.