ЛА ЛИГА: „Барселона“ на прво место „Малага“ на последно

71

„Барселона“ стигна до лесна победа од 2:0 на гостувањето кај „Малага“.

Каталонците кои допатуваа без својата најголема ѕвезда Лионел Меси уште во првото полувреме ги обезбедија трите бода.

Во 15 минута Луис Суарез, по асистенција од Жорди Алба, беше прецизен со глава за водство на „Барселона“ од 1:0. Веќе во 28 минута беше постигнат конечниот резултатот од 2:0 со голот на Филип Кутињо, по претходно додавање од Усман Дембеле.

Две минути подоцна проблемите на домаќините се зголемија откако Самуел Гарсија по еден непромислен старт доби директен црвен картон.

Иако „Барселона“ цели 60 минути играше со фудбалер повеќе, не успеа да го искористи ова до крајот на натпреварот.

Со оваа победа „Барселона“ се зацврсти на првото место во Ла лига со 72 поени, а „Малага“ остана на последното место со само 13 поени.