Леброн го менува тимот, еве каде ќе оди

200

НБА ѕвездата Леброн Џејмс кариерата ќе ја продолжи во „Лос Анџелес Лејкерс“, објавија американските медиуми.

За четиригодишен договор со „езерџиите“ сега веќе поранешниот кошаркар на Кливленд ќе добие 154 милиони долари.

„Кралот“ во НБА лигата е од 2003 година. Седум години настапуваше за „Кливленд’, откаде замина во Мајами. Во 2014 година се врати кај „Кавалирс“.

За Леброн ова е прв клуб од Западната конференција по 15 години поминати на Истокот.

Од ЛА Лејкерс најавуваат уште неколку квалитетни засилувања со цел враќање на врвот во најсилната светска кошаркарска лига.