Леброн најмлад кошаркар во „Клубот 30.000“

179

Кошаркарот на „Кливленд Кавалирс“, Леброн Џејмс стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до 30.000 поени.

Џејмс ноќеска во поразот од Сан Антонио, за „Кливленд“ постигна 28 поени и влезе во „Клубот 30.000“.

Тој до ова достигнување доаѓа на 33 години и 23 дена. До сега во неговата НБА кариера има постигнато точно 30.021 поен.

Пред него на вечната листа на стрелци се шест кошаркари. Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Вилт Чемберлен (31.419) и Дирк Новицки (30.837).